Мејведер – Мек Грегор на 10 Јуни во Т-Мобиле арена за “борбата на векот”

Борбата на векот e се поблиску до остварување.

Фло комбат известува дека нивните извори потврдиле дека Т-Мобиле арена во Лас Вегас е резервирани за 10 јуни за потенцијалниот бокс меч помеѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мек Грегор.

Ова никако не значи дека супер-борбата на двата спорта официјално е потврдена и дека навистина ќе ја гледаме, но дефинитивно е чекор напред во тој правец.

Веста дојде откако Мејведер изјави дека поради Мек Грегор и официјално повеќе не е во пензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *