Марија Јаневска од Македонска Каменица е нова голманка на ЖФК Истатов – Дојран

Марија Јаневска е нова голманка на ЖФК СЦ Истатов

 

Досегашната голманка на ЖФК Каменица Саса, Марија Јаневска (19) е нова голманка на ЖФК СЦ Истатов

 

 

Марија Јаневска има 19 години и веќе неколку години активно тренира фудбал во родната Македонска Каменица. Нејзините почетоци се во ЖФК Каменица САСА, каде во изминатите три сезони е дел од шампионскиот тим.

– Со добри тренинзи, многу труд и напорна работа, успеав да го достигнам потребното ниво на квалитет и професионалност, неопходни за првиот чекор кон градење на уште поуспешна спортска кариера, – истакна Јаневска

 

 

Ова за нејзе е ново искуство. Се надева дека со континуитет во работата и посветеноста кон тренинзите, ќе успее да ги оствари своите цели, односно да заигра во некој од големите клубови од европската фудбалска сцена.

Новиот тим од младата голманка од Македонска Каменица, ЖФК СЦ Истатов е препознаен како тим со реноме и со долга фудбалска историја.

 

– Се надевам дека со девојките од Истатов, ќе имаме многу нови заеднички успеси и среќни моменти на фудбалските терени, – изјави Марија Јаневска за Каменица.Мк  упатувајќи јавна благодарност до целиот досегашен колектив и управата на ЖфК Каменица САСА. Тие сите овие години несебично ми помогнаа да созреам како спортист и како личност. Сите во клубот, несебично и постојано, во сите изминати сезони ми помогнаа во целокупниот спортски развој и во градењето на мојата спортска кариера.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *