Марио Ристов од Македонска Каменица е државен средношколски првак на Македонија во дисциплината скок во височина

Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија денес во Скопје (Telekom Arena) се одржа државен средношколски натпревар во повеќе атлетски десциплини. Апсолутен победник во дисциплината скок во височина со прескокнати 170cm е Марио Ристов од Македонска Каменица. Тој втора година по ред е победник во истата дисциплина, со тоа што минатата година се натпреваруваше како осмо одделенец при ООУ “Кирил и Методиј”, тогаш прескокна 165cm.

Марио Ристов е ученик во ДСУ “Миле Јаневски – Џингар” во Македонска Каменица. Тој на натпреварувањето исто како и во подготовките работеше под менторство на професорот по физичка култура и образование Лилјана Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *