Мала Ромка е попаметна од Ајнштајн, а живее како чергар

Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малата Ромка патувала од едно до друго место и едвај одела во училиште. Нејзините способности случајно ги откриле во училиште во Есекс, Велика Британија. Иако девојчето делувало незаинтересирано за сите работи околу себе, сепак, нејзините учители забележале дека е талентирано. И дале да полага тест и откриле дека има поголем IQ од двајцата генијалци Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Всушност, научниците тврдат дека спаѓа во групата од 1% најинтелигентни луѓе на планетата земја. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени поголем од на Ајнштајн.

„Нејзината интелигенција од секогаш беше очигледна. Решаваше математички задачи кога имаше две години. Таа вежба математика и сака глума, а во слободно време учи кинески“ – открила мајката.

Нејзиниот татко Џејмс има 36 години и работи како чистач и занаетчија.

Девојчето во кое никој не верувал, сега добило повик од Оксфорд. Вели дека сака да студира медицина.Просечен човек има IQ 100, а секоја цифра преку 140 се смета за генијалност.

извор. www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *