Македонски знамиња на трибините од Галзенкирхен арена. Грците занемеа од кореографијата спремена од браќата на “Комити”

Натпреварот меѓу Шалке 04 и ПАОК, повторно во центарот на вниманието.
Откако навивачите на ПАОК на првиот натпревар кој се играше во Солун извадија транспарент на кој пишуваше: „Македонија е една и таа е тука“, браќата на „Комити“ возвратија на политичката провокација.
На реваншот натпреварот кој вечерва се игра во Гелзенкирхен, може да се забележи големо македонско знаме во првиот ред, како и голем број помали знамиња низ трибината.
На првиот натпревар германскиот тим славеше со 0-3, а вториот дуел заврши 1-1, резултатот кој го носи Шалке 04 во осминафиналето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *