Македонска Каменица ќе биде домаќин на манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз”

На 14-ти октомври, манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица, е домаќин на голем црковно-народен собир по повод големиот христијански празник „Покров на Пресвета Богородица“
Во склоп на овој црковно-народен собир во организација на општина Кочани во периодот од 13-17 октомври се одржува манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз”. Поради одличната соработка на општините и Домовите на култура дел од програмата на манифестацијата е предвидена и во општина Македонска Каменица. Оваа година дел од манифестацијата во Македонска Каменица е предвидена на 14 Октомври а истата ке се одржи на манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец”во село Цера. На манифестацијата ке настапат неколку културно-уметнички друштва од Романија, Унгарија, Србија како и организаторите на манифестацијата КУД”Руен” и ФА”Мугри” од општина Кочани.oriz

Бидете и вие дел од  манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз”оваа година одбележуваат 25 години од нејзиното постоење, во едно е со цел да прерасне во традиција и секоја година дел од програмата да биде предвидена и во општина Македонска Каменица како и црковно народнио собир кој е традиционален и се одржува секоја година по повод големиот христијански празник “Покров на Пресвета Богородица”.img_20161007_183710

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *