МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СО НАЈВИСОК ПРОЦЕНТ (49,8%) НА НЕАКТИВНО РАБОТОСПОСОБНО ЖЕНСКО НАСЕЛЕНИЕ ВО РЕГИОНОТ

НЕАКТИВНИ ДУРИ 49,8% ОД РАБОТОСПОСОБНИТЕ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НА ВОЗРАСТ ПОМЕЃУ 15 и 64 ГОДИНИ

 

 

Иако долгорочно се забележува тренд на зголемување на стапката на активност на жените од 51.7  проценти во 2017 година  на 54.3 проценти во 2022 година[1], сепак стапката на женско активно население е значително пониска во однос на машко население кое изнесува 78.4 проценти.

Во Македонска Каменица, според податоците користени од Економски карактеристики на населението – Попис 2021, процентот на неактивно работоспособно женско население на возраст од 15 до 64 години изнесува 49,8 проценти. Бројка со која нашата општина се наоѓа во групата со натпреосечен процент на неактивно женско работоспособно население на државно ниво.

Сите останати општини од Источниот регион имаат понизок процент на неактивно работоспособно население. Делчево (38,4), Пехчево (37,6), Берово (42,0), Штип (31,1), Кочани (33,6), Виница (39,4), Крива Паланка (42,4), Чешиново – Облашево (38,5), Зрновци (43,1)

На државно ниво, просекот на неактивно работоспособно женско население (возраст 15-64) во 2022 година изнесувал околу 45%, сепак, на општинско ниво, овие разлики се драстично поголеми. Така на пример, во одредени општини женското население во голем процент се изјаснува како неактивно и надминува 85 проценти.  Оваа категорија вклучува жени кои не учествуваат на пазарот на труд, ниту се ангажираат во било какви облици на платен труд. Податоците од пописот покажуваат дека вкупниот број на  работоспособни жени кои се неактивни на пазарот на труд изнесувал нешто повеќе од 273 илјади работоспособни жени во 2021 година, и претставува значајна социо-економска група за која е потребно дополнителна анализа за нивно вклучување на пазарот на труд.

Просторната анализа по општини покажува дека најголем дел од жените се неактивни во рурални средини, сепак вредно е да се истражат и други белези како на пример: етникумот, религијата, инфраструктурата, економските сектори и слично со што би се добила квалитетна анализа.

Важно е да се разгледаат и можностите за интеграција на оваа група во пазарот на труд, како и пристапот до образование и обука. Исто така, потребно е да се пристапи кон креирање на политики и програми кои ќе ги поддржат жените на оваа возраст со цел да постигнат економска самостојност и воведат позитивни промени во своите животи и средини.

Оваа прелиминарна статистичка анализа нуди важни информации за донесување на политички и програмски одлуки со цел подобрување на квалитетот на живот на оваа група на население и зголемување на нивниот социо-економски придонес во општеството.

 


извор: idei.org.mk

[1] https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *