Македонска Каменица повторно е прволигашки град


imageВеќе завршената футсал сезона КМФ “Рудник САСА” ја заокружува како најуспешна во своето четири годишно постоење. Доминацијата во текот на целата сезона беше само најава дека и во наметнатите разигрувања КМФ “Рудник САСА” ќе успее повторно да го врати прволигашкиот фудбал во Македонска Каменица.
Проектот што заеднички го започнаа Рудник САСА како спонзор на клубот и група љубители во футсалот од нашиот град преку нивната одлична меѓусебна соработка, амбициозност и вложен труд беа само најава дека не чека успешна приказна. Клубот од својот спонзор Рудник САСА, по кој го носи и своето име, го доби она што му е потребно на секој квалитетет клуб, стабилност во финансирањето, организациска поставеност на сите линии во екипата, од првата до последната алка која ја сочинува екипата.
За во иднина, од управата на клубот наведуваат дека очекуваат и се надеваат дека ќе биде решен и единствениот проблем, подобрување на условите што треба да ги исполнува спортската сала во која што се натпреварува клубот, за да нашите сограѓани и љубители на малиот фудбал можат да ги следат нивните натпревари. Во спротивно клубот ќе мора да настапува во некој од околните градови, наведуваат од клубот.
Ние www.kamenica.mk им посакуваме многу успеси и победи во наредната натпреварувачка сезона во Првата футсал лига и се надеваме дека заедно со вас ќе ги бодриме од трибините на секој нивни натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *