Македонската женска репрезентација до 18 години освои прво место на турнир во Естонија

Женската репрезентација на Македонија до 18 години го освои првото место на турнирот во Естонија

Македонската женска репрезентација до 18 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА во Талин, Естонија.

Нашата младинска женска селекција предводена од Астрит Мерко забележаа две победи, на првиот натпревар против домаќинот Естонија со 3:1 и против Летонија по подобро изведување пенали.

Јана Чубриновска, Улса Максути и Дервиши Рабиа беа стрелци на головите за Македонија во триумфот против Естонија.

Јана Чубриновска беше стрелец на израмнувачкиот погодок во второто полувреме од пресметката против Летонија. Нашата селекција втората победа ја славеше по подобро изведување пенали, 3:1. Шемсовиќ, Максути и Белистојановска погодија од белата точка за Македонија, нашата голманка Рочи одбрани три пенали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *