Македонија: Татко осомничен за силување на ќерката

24-годишна девојка со умерена ментална попреченост,  од општина Пласница, вчера во полициската станица во Кичево пријавила дека нејзиниот 55-годишен татко неколкупати и извршил обљуба. Осомничениот е приведен и против него по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Според пријавата, таткото ја силувал ќерката во нивниот дом во последните два месеца, а последен пат завчера околу 06:40 часот. По увидот од екипите на надворешната канцеларија за кривични работи Кичево за случајот е известен кичевскиот Центар за социјални работи, извршен е разговор со девојката и е однесена на гинеколошки преглед во Општата болница Кичево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *