Линкс Ресорсис – новиот сопственик на Рудник „Саса“ ја доби наградата ТФР зделка на годината за 2016 година

Должничкото финансирање на друштвото „Линкс Ресорсис Лтд.“ во износ од 75 милиони американски долари за рудникот САСА ја доби наградата за најдобра зделка за 2016 година, што се доделува од Трејд енд Форфетинг Ривју (ТФР). Финансирањето, што беше номинирано од страна на Сосиете Женерал, беше избрано во конкуренција на 120 зделки од страна на независна жири комисија.

(извор: http://www.tfreview.com/awards/deals/tfr-deals-2016-winners-announced)

По преземањето на Рудник „Саса“, „Линкс Ресорсис Лтд.“ се концентрира на подобрување на неколку сегменти во работењето. Според менаџментот на компанијата, приоритети ќе бидат одржливоста, заштитата на животната средина, подобрување на безбедноста во работењето и силна општествена одговорност, односно подобрување на инфраструктурата во Македонска Каменица, поддршка за училиштата, спортските клубови, детската градинка, здравствените установи и слично.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *