Лига Европа: Нов пораз на Вардар

 

Македонскиот шампион Вардар го претрпе и четвртиот пораз во Лига Европа. Овој пат Вардар загуби со 3-0 на гостувањето во Сан Себастијан од Реал Сосиедад.

 
Избраниците на Јавенвски уште еднаш прикажаа бледа игра, во која  противникот доминикот доминираше во текот на целиот меч.
Резултатот беше отворен во 31.минута кога по изведениот корнер, Хуанми погоди со глава за водство на Реал Сосиедад од 1-0.
ИакоШпанците имаа уште неколку шанси сепак резултат не се промени се до 69.минута кога Де Ла Бела постигна прекрасен гол за водство од 2-0.
 
Конечниот резултат го постави Баутиста во 81.минута.
Следен натпревар на Вардар е на гостински терен кај Зенит на 23. ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *