Кривична за жена од Кочани, нашла изгубена платежна картичка па со неа направила дури 40 трансакции

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.В.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

 

 

Пријавената, на 17.06.2023 пронашла изгубена платежна картичка на жена од Кочани и, во периодот од 18 до 21.06.2023, во 40 наврати во повеќе продажни места во Кочани и Свети Николе, извршила трансакции и предизвикала штета во вкупен износ од 33.780 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *