Крива Паланка: Се запали автомобил во движење

Патничко моторно возило марка „Форд галакси“  се запалило во движење на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај месноста викана Цетал, во близина на селото Страцин.

Причина за настанување на пожарот бил спој на инсталацијата на автомобилот во кој патувале две лица. Возачот на околу 50-годишна ворзаст рекол дека инсталацијата е причина за избувнување на пожарот, а за да се спаси себе и својата сопатничка автомобилот го оставил крај патот и се тргнале настрана.

Со двајца пожарникари и едно против пожарно возило на Територијалната противпожарна единица Ранковце, огнот бил локализиран, а патниците се неповредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *