Крива Паланка: Поради дефект на амбулантно возило починаа две лица при нивни транспорт до клиниките во Скопје

До редакцијата на повеќето медиуми во државава пристигна мејл во кој се вели дека поради дефект на амбулантно возило денес две лица починале на пат за скопскиот ургентен центар.

“Два пациенти од Крива Паланка, денес се пратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје.
По пат комбето останало дефект, додека се чекало да се отстрани дефектот на скопската патарина и двајцата пациенти умираат и не успеваат да стасаат до Ургентен центар во Скопје.

Жално, ама тоа е реалноста за македонското здравство”, се вели во мејлот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *