Кои се најбизарни светски заговори?

Секој си има свое мислење и толкување зошто и како се случиле некои работи. Но денес, во време кога секој може да седне и да го напише своето мислење на интернет, тоа може да добие и многу следбеници што ќе поверуваат во секаква луда теорија.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-7

Еве неколку теории на заговор што во одреден период земале свој замав и место во онлајн светот:

Теоријата за “Ајс Бакет” предизвикот

Во периодот кога предизвикот со полевање со ледена вода беше доста популарен со цел да се подигне свеста кај луѓето за постоењето на болеста што ви прави да се чувствувате како сите мускули да ви се замрзнати, многу брзо се појавија и најразлични толкувања зошто предизвикот станал толку полуларен и што била неговата поента.

Најбизарен пример за тоа било кога група луѓе почнале да веруваат дека тоа било сатанистички ритуал во кој тие што се полевале сакале да станат дел од сатанистички култ и на тој начин се “крштевале” во сатанисти. Предводници на култот биле славните личности како Лејди Гага и Опра. Тие го воделе процесот на привлекување на нови членови.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-1

Теоријата за смртта на Роберт Кардашиан

Покојниот татко на Кардашијан кланот починал во 2003 година. Но, тоа многу луѓе го негираат и велат дека Роберт Кардашиан и Тед Круз се иста личност. Дека тој всушност ја лажирал својата смрт за да се спаси од жените во неговата фамилија и да си почне нов живот со своја успешна политичка кариера.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-2

Хомо-капензис

Теоријата гласи дека постои една врста на луѓе кои имаат многу поголем мозок од обичните луѓе и тие го тајно го водат финансискиот и религиозниот свет и прават тајни конфликти за луѓето да војуваат едни со други. Ова мислење доаѓа од легален советник на Светската банка.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-3

Сите откритија на НАСА се лажирани

Човекот не стапнал на Месечината и Земјата е рамна. Сликите и видеата што се направени од НАСА се фотошопирани, а организацијата служи само за перење на пари. Тие всушност немаат никакви откритија. Оваа теорија можеби и има најголем број на следбеници.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-4

Крализата Елизабета се храни со човечко месо

Кралицата Елизабета живее толку долго затоа што потекнува од предци кои биле канибалци. Таа цел живот јаде само човечко месо и на тој начин станува речиси бесмртна. Оваа теорија се раѓа во Британија од историчарот Уберт Умдингер.

najbizarnite-teorii-na-zagovor-5

Мастики за џвакање со афродизијак

Палестинските власти верувале дека Израел намерно фрлал мастики за џвакање на палестинско тло со цел да им ја корумпира младината. Всушност во гумите за џвакање имало силен афродизијак кој им го зголемувал сексуалниот нагон на младите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *