Книга на денот: ХОЛАНДСКА ДЕВИЦА – Маренте де Мор

Добро е, доаѓа лето и 18-годишната Јана треба да тргне сама на енигматично патување во Германија. Татко ѝ ја испраќа кај Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Егон е мисериозна личност, но и магнетичен шармер. И Јана едноставно не може да одолее.

 

Но оваа прекрасна книга не е само книга за љубовта и за губењето на невиноста.

 

Лошо е што сме во 1936 година. Пред Јана се отвора светoт на возрасните, полн со прашања и со спротивности. Во нејзините очи се судираат стариот хероизам на аристократската класа и варварството што надоаѓа со ширењето на нацизмот. На раб од големиот историски пресврт на Втората светска војна, Јана ќе доживее индивидуална промена по која нема враќање. Дали ова патување е во еден правец?

 

Книгата е добитничка на Наградата за литература на Европската Унија (2014) и на АКО (2011), најважната книжевна награда во Холандија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *