КИЦ Романса ги објави термините за настап на КУД “Вера Јоциќ” и останатите локални бендови и фолклорни групи во рамки на Каменичко културно лето 2023

КИЦ Романса ги објави термините за настап на КУД “Вера Јоциќ” и останатите локални бендови и фолклорни групи во рамки на Каменичко културно лето 2023

– Како учесници на овогодинешното издание на Каменичко културно лето 2023 година во музичко сценскиот дел КИЦ Романса ги претставува КУД “ВЕРА ЈОЦИЌ” Македонска Каменица и фолклорна група при НУЦК “НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ” од Делчево кои ќе настапат на 26 Август 2023 година на Градскиот плоштад во Македонска Каменица и ќе ја збогатат богатата музичко забавна програма во рамките на Каменичко културно лето 2023 година. Почеток на нивниот настап е од 19 часот, – стои во соопштението од КИЦ Романса

Во рамки на Каменичко Културно Лето 2023, кое ќе се одржи на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, КИЦ Романса најавува настапи и на локалните бендови од Македонска Каменица. Настапот на локалниот бенд “3+2” е закажан за 26. Август 2023 година, а на 27.Август ќе настапат “Риплеј бенд.

Со ова, како што истакнуваат од КИЦ Романса, ќе биде збогатена културно забавната програма на годинешново издание на Каменичко културно лето 2023.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *