Китењето новогодишна елка не е само топлина и обична радост во домот. Еве едно од преданијата од каде и кога започнува китењето на елката

Сите го чекаме оној период од годината кога ќе ги накитиме елките, кога ќе заблескаат домовите и ќе се почувствува топлина и новогодишна магија. Особено дечињата се радуваат на китењето на елката, а не се имуни ни возрасните.

За многумина ова е најубавиот период од годината, но дали знаете зошто всушност ја китиме елката? Сето тоа е објаснето со руска бајка.

Имено, над пештерата во која Христос бил роден растеле дрва – бор, кедар и елка. Нив ги опсипала светлината на Христовото раѓање, па посакале и тие нешто да подарат. Кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале игглички полни со убав мирис.

Борот ги спуштил најубавите шишарки, додека елката горчливо плачела, поради тоа што немала мирис на игличките, ниту имала шишарки. Нејзините солзи ги видела ѕвезда па се сожалила.

Испратила мала ѕвезда да се спушти на нејзиниот врв. Тогаш таа ја прекрила со ѕвездина светлост и длабоко започнала да се поклонува, ја спуштила ѕвездичката пред пештерата каде во јаслите на сламата лежел Христос.

Затоа и денес на врвот на елката се става ѕвезда, како знак на љубов кон Исус Христос.

Подароците кои се поставуваат под елката се потсетување на Христовото раѓање и баш таа радост треба да ги израдува децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *