Кире Лазаров сеуште го држи рекордот – најдобар стрелец на Светско првенство

Македонскиот капитен Кирил Лазаров е сопственик на најдобриот ефект од ракометните светски првенства (СП), со 92 гола на СП пред осум години во Хрватска. За Македонија деветтото место од СП 2015 во Катар е најдобар пласман, а капитенот Лазаров на сите СП на кои учествувала Македонија високо котира на листите на стрелци на шампионатите.

Според типувањата на некои обложувачници данскиот бек Микел Хансен е прв фаворит да биде на врвот на листата за најдобар стрелец на СП 2017 во Франција, шпанското лево крило Валеро Ривера е втор, а македонскиот капитен, десниот бек Лазаров, е на третата позиција. Младата надеж на Словенија, десното крило Блаж Јанц е четврти на таа листа, а германското лево крило Уве Генсхајмер е петти. Според формата и ефектот во натпреварите од Лигата на шампионите во првата петорка стрелци би можеле да влетаат и Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон, Норвежанецот Кристијан Бјорсен и Данецот Маргус Браминг, сите крилни ракометари. 

Рекордот на Лазаров од 92 гола е стар осум години, а претходниот рекорд (86 гола) од СП 1995 во Исланд, бил во сопственост на Кореецот Кунг Дин Јун. Максималниот број натпревари што еден ракометар би ги одиграл на СП во Франција е девет, па за некој да го стигне рекордот на Лазаров ќе треба да се има просек од 10,4 гола по натпревар.

преземено од: http://novamakedonija.com.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *