Македонската ракометна репрезентација со победа стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година. Македонија, предводена од Кире Лазаров, славеше против Украина со 27-21. Подмладениот состав на Лино Червар може дополнително да напредува, а денешната победа е добро загревање пред следниот матпревар. Лазаров со 12 погодоци ја предводеше Македонија, Манасков постигна шест, Талевски три, Стоилов два, а Георгиевски, Неловски, Прибак и Кузмановски по еден гол. Наредниот меч во квалификациите Македонија ќе го одигра веќе в сабота, кога ќе гостува во Чешка.