Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“ од Македонска Каменица уште еднаш убедливо победи, во генерацијата М-16. Вчера, на домашен терен беше совладана екипата на „Ролинг“ од Струмица, со конечен резултат 93:71.
Очекувано, најдобар на теренот беше Кире Блажевски кој постигна 30 поени, а огромен придонес во новата победа дадоа и Дамјан Тодосиев со 20 поени и Никола Орлов, кој постигна 16 поени.