Каменичките ученици постигнаа одлични резултати на „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“


Каменичките ученици во основното и средното училиште постигнаа одлични резултати на регионалните натпревари во „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, кој се оддржа вчера (11.05.2017) во Пробиштип.

Учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на наставникот Васко Станковски освоија екипно ПРВО место во „Детски семафор“. Филип Велков освои ПРВО место во поединечна конкуренција, Давид Георгиев освои ВТОРО, а ТРЕТИ места освоија Викторија Пелтековска и Маринела Стоиловска.

Учениците, пак, од СОУ „Миле Јаневски Џингар“, под менторство на Елизабета Георгиева, се натпреваруваа во „Сообраќајно техничка култура на младите“ и освоија екипно ВТОРО место. Во поединечна конкуренција, најдобар пласман од каменичките средношколци оствари Ненад Крстевски, кој освои ВТОРО место.

И двете училишта, и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ обезбедија пласмани на државно првенство.

Одговорно лице за учество на овие натпревари е Дејан Постоловски – претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *