Каменичките пензионери свечено го одбележаа Светскиот ден на пензионерите

Свечена прослава во Македонска Каменица по повод Светскиот ден на пензионерите.

Вчера, со пригодна свеченост организирана од Здружението во Македонска Каменица, беше одбележан Светскиот ден на пензионерите. Покрај многу бројните присутни пензионери, гости на вечерта и сограѓани, на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Тој во име на Општината, прими Плакета за посебен придонес и успешна долгогодишна соработка со Здружението на пензионери од Македонска Каменица.

По тој повод градоначалникот Атанасовски упати искрени честитки со желби за добро здравје, живот исполнет со среќа и љубов од најблиските и мирни пензионерски денови.

– Вие сте наши најдобри учители и носители на животното искуство, кое несебично го пренесувате. Вие сте вградени во темелите на нашата држава и општество, со својот труд градејќи ја Македонија, пренесувајќи ги вистинските вредности и традицијата на идните генерации. Вие сте поттик за унапредување на квалитетот на секојдневното живеење. Нашите напори се насочени кон еднаква грижа за секој граѓанин, со цел да одржуваме демократски систем, во рамките на нашата просперитетна општина, – стои во изјавата на градоначалникот Атанасовски

Здружението на пензионери од Македонска Каменица е едно од поактивните организации во регионот и државата. Заедно со општина Македонска Каменица организираат повеќе манифестации, помеѓу кои се истакнува најмасовниот настан во регионот, популарната Бабина Баница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *