Каменичанката Антониела Стоименовска, денес стана државен шампион во кик-бокс, во категоријата до 55 килограми. По низата одлични резултати, Антониела се закити и со шампионската титула на Државното првенство. Инаку, таа е член на Кик-боксинк клубот „Гладијатор“.