Каменичанецот Златко Стојмиров денес го доби автомобилот од наградната игра “Купувај и добивај со Кит-Го и Тера Маркети”

Нема поубава музика за ушите од звукот на моторот на нов автомобил. Токму во ваква „музика“ уживаше Златко Стојмиров од Македонска Каменица, кој од денес е сопственик на опел астра седан 2016 , подарок од КИТ Го и Тера Маркети:

  • Би сакал да искажам неизмерна благодарност до Кит – Го и Тера Маркети за организирање на наградната игра „Купувај и добивај со Кит – Го и Тера Маркети“. Токму на оваа наградана игра го освоив автомобилот и многу сум благодарен, истакна Златко Стојмиров , добитник на главна награда на Кит – Го и Тера.

Среќната вест, Златкој ја слушна на 01 октомври, кога беше последното извлекување од големата наградна игра „Купувај и добивај со Кит – Го и Тера Маркети“.

На истата и претходеше долгогодишна взаемна доверба и редовност, уште од првиот момент на отворање на маркетите во Каменица:

  • Моето семејство е дел од лојалните потрошувачи на Кит – Го и Тера Маркети и за оваа наградна игра испративме голем број летоци, за да имаме поголеми шански за добивка. На сите потрошувачи би им препорачал да останат лојални и да купуваат од Кит – Го и Тера Маркети, бидејќи тие навистина се грижат за своите потрошувачи, кажа Стојмиров.

Инаку, наградната игра на Кит – Го и Тера маркети почна на 28 април и траеше до 01. октомври. Во неа учествуваа илјадници верни потрошувачи на Кит Го и Тера, а се доделија над 300 вредни награди како вредносни ваучери, скутери, велосипеди  и одмори и патувања во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *