Каменичанецот Дејан Гошевски се најде на списокот на Лино Червар, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот со 30 играчи за собирот закажан во Охрид в понеделник. На списокот има осум нови имиња, меѓу кои се наоѓа и името на нашиот сограѓанин и млад ракометен талент Дејан Гошевски. Ние се надеваме дека и во други прилики, уште многу ќе се радуваме и пишуваме и за понатамошните успеси во кариерата на младиот каменичанец Дејан Гошевски.img_20160929_152213

Други нови имиња се Стефан Дрогришки кој беше повикан и минатиот пат, но поради повреда отсуствуваше, Милан Лазаревски (сите од Металург), Стефан Кимевски, Филип Василевски, Александар Василевски (сите од Пролет), Мартин Поповски (Вардар) и Ивица Лазаровски (Пелистер). Червар најави три вакви собири есенва (првиот се одржа во Битола).

Повикани ракометари: Мартин Томовски, Давор Палески, Димитар Димитриоски, Дејан Ѓошевски, Милан Лазаревски, Стефан Дрогришки, Марио Танкоски, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Мартин Велковски (сите од Металург). Мартин Поповски, Мартин Манасков, Дејан Кукуловски, Иван Димитровски, Тоше Ончев, Стефан Трпчевски (сите од (Вардар). Кирил Колев, Ивица Лазаровски, Васко Димитровски, Иван Тасевски, Борјан Маџовски, Константин Вешоски (сите од Пелистер). Стефан Кимевски (Пролет 62), Филип Василевски, Александар Василевски, Ласко Андоновски (сите од Пролет 62). Благојче Трајковски и Бобан Блажевски (двајцата од Охрид 2013). Дарио Петровски и Филип Чурлевски (двајцата од Еурофарм работник).

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *