Како зад себе да оставите свеж и чист воздух во тоалетот?

Како брзо да го освежите воздухот по користењето на тоалетот

Лондон, 11 декември 2016 (МИА) – Сигурно некогаш сте се нашле во состојба да мора да одите во тоалет а сте на гости, но ви е непријатно поради непријатниот мирис. Со мала превенција, зад себе ќе оставите миризлив и свеж тоалет.

Неколку совети како да го освежите воздухот по користење на туѓ тоалет: Прво и најважно, потрудете се да пуштите вода што побрзо да го намалите непријатниот мирис. Отворете прозорец, или вклучете вентилација ако има. Ако сте понеле со себе чанта, можете да искористите:
– мирисна крема или лосион;
– лак за коса;
– oсвежувач за здивот;
– парфем.
Ако ништо од ова немате кај себе, а непријатниот мирис е очигледен, проверете ги полиците во купатилото, може да најдете:
– средство за чистење на купатило во спреј, или обично;
– избелувач;
– бел оцет;
– сода бикарбона;
– течен сапун за раце;
– шампон или балсам.

Истурете нешто од наведените производи во WC шољата, за да го намалите непријатниот мирис. Бидете внимателни и малку истурете, бидејќи некои средства како избелувачи можат да бидат токсични. Ако не ви е достапна ниту една од наведените опции, затворете ја вратата на тоалетот, а ако некој појде во тоалет веднаш после вас, предупредете го да не влегува веднаш

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *