Исчезна 84 годишна старица од кочанско Оризари

84-годишна старица од кочанско Оризари, од денес се води ако исчезната и полицијата и семејството трагаат по неа. Случајот во полиција денес, го пријавил нејзиниот син, но жената е исчезната веќе четири  дена.

Од дома, таа излегла на 28 февруари, во утринските часови кога сите останати од семејството биле по свои обврски. Откако сите напори ан семејството, роднините и соседите да се пронајде старицата пропаднале, помош е побарана и од полицијата.

Засега нема индиции каде би можела да замине старицата, но таа имала проблем со ориентацијата и не е исклучено дека залутала. Од полицијата информираат дека потрагата по неа е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *