Вчера, во 17 часот и 30 минути во Штип, татко пријавил дека му исчезнала малолетната ќерка. Се работи за 44-годишниот М.М. од селото Шашаварлија кој се јавил во полиција и пријавил дека исчезнала неговата тринаесетгодишна ќерка.
Полицијата информира дека девојчето во 06 часот и 30 минути заминало на училиште и по враќањето на возилото со учениците, не се вратило дома.
Од МВР велат дека се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на малолетното девојче