Исчезна двегодишно дете

Двегодишно девојче исчезнало во селото Кленоец откако роднина го оставил покрај патот, бидејќи не можело повеќе да оди пеш. Настанот се случил во четвртокот, кога В.Ј. (32) од село Карбуница пријавил дека вчера, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од Кленоец кон село Извор. Во близина на јарболот во Кленоец, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во селото Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму. Се вратил во куќата во с.Кленоец, каде, исто така, ја немало.

Веднаш потоа случајот го пријавил во ПК Извор. Од страна на полициски службеници од Кичево било извршено пребарување на теренот, но исчезнатото дете не е пронајдено, а по него сеуште се трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *