Историски македонски тениски моменти: Лина Ѓорческа е на чекор да Австралија Опен!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на чекор до влез во главната ждрепка на Австралија опен, откако и во вториот меч од квалификациите во Мелбурн демонстрираше во каква форма се наоѓа. Ѓорческа си поигра со Унгарката Далма Галфи, 160. тенисерка на светот и ја совлада за експресен еден час игра со 2-0 во сетови (6-1, 6-1). Со втората победа во Мелбурн, тетовчанката уште еднаш покажа дека местото ѝ е меѓу најдобрите тенисерки на Грен-слем турнирите.

Во првиот сет Ѓорческа за само 26 минути ја декласира некогашната јуниорска победничка на УС Опен, Галфи, одземајќи
и го сервисот во два наврати. Со доминантен тенис нашата хероина ја зголеми самодовербата и во вториот сет продолжи да игра како по ноти. 

При 1-1 направи брејк и како ветеранка го приведе мечот кон крај, добивајќи го вториот сет со 6-1. Лина сервираше одлично, подели и пет аса и не се потроши премногу за следниот клучен меч. Во третото и последно коло од квалификациите противник на Ѓорческа ќе биде поуспешната од швајцарскиот дуел Фогел – Садиковиќ.

преземено од: http://www.gol.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published.