Интервју со Вера Милошевска – Љубојна

10 години од рестартирање на Рудник САСА.
Градски плоштад во Македонска Каменица.
Гости на вечерта – Љубојна Брас Фантази.
Дојдени прв пат во нашиот град, да не забавуваат и да ни ја пренесат музиката што ја создаваат.
Го искористивме нивното присуство да го оствариме нашето прво интервју како www.kamenica.mk и да поразговараме со Вера Милошевска, археолог и етнолог, познавач на изворното, старото и традиционалното, создавач на новото, современото и убавото, вокал и олицетворение на Љубојна.

Најпрвин да ви посакам добре дојде, да го искажам личното задоволство што токму Љубојна Брас Фантази е дел од вечерашниот спектакл и однапред да ви заблагодарам за издвоеното време.

– Ви благодарам и вам за вниманието. И од името на Љубојна да ви пренесам дека ни е драго што сме дел од овој убав настан и љубилеј.

1. Вечерва сте дел од спектаклот што и се случува на Македонска Каменица. 10 години од рестартирање на Рудник САСА. Со кој репертоар и програма ќе настапите вечерва пред каменичката публика?

– На почеток сакам да му посакам успешно работење на Рудник САСА и да му заблагодарам што и нам како Љубојна Брас Фантази ни овозможи да настапиме прв пат во вашиот мал, но преубав град. Вечерва ќе настапиме со истата програма со која настапивме и на нашиот концерт во салата Борис Трајковски во Скоје оваа година, која што всушност претставува заеднички проект со нашиот пратечки оркестар Брас Фантази. Тоа е проект кој што започна минатата година и ќе трае и во иднина, бидејќи публиката на него секогаш реагира позитивно, што се надевам ќе биде случај и вечерва овде на градскиот плоштад во Каменица.
2. Колку време трае и постои мисијата Љубојна?

– Ние постоиме веќе цели 15 години. Тоа е период во кој ние постојано се развиваме и постојано градиме и негуваме свој однос и стил за автентичен израз кон публиката.
3. Кои се вашите идни планови и насоки по кои ќе се движи Љубојна?

– Па на почеток да напоменам дека на публиката и подготвуваме нов албум кој веќе е најавен со песната Ракија, која пак е почеток на проектот “Радио Љубојна”, со кој сакаме да ја заокружиме нашата убава приказна и успешна соработка со оркестарот Брас Фантази. Летово ќе бидеме дел од Струмица Опен Фест, Танц Фест  Скопје, а кон крајот на август Љубојна патува за Кина каде ќе има свои настапи и воедно ќе снима музика за една филмска претстава во Пекинг.

4. Обработувате, но и создавате нова современа музика. Кој се типови на музика опфаќа Љубојна и што се преку музиката сакате да и пренесете на публиката?

– Ние создаваме популарна и современа македонска музика. Се повикуваме на музичката естетика од разни светски стилови, но во основа нашата музика лежи на сопствениот македонски бит. Обработуваме и песни кои веќе постојат, со тоа и ја истражуваме музиката, ја оживуваме истата и ја нудиме на публиката како нешто што е восклик преку ноти на убавото, спој на старото и новото. Преку тој спој и даваме нов пат на убавата македонска музика, а ние со тоа ги спојуваме младите и старите. Го оживуваме светското во македонската музика, бидејќи нашата цел не е само да ја обработиме музиката, туку преку нашата идеја сакаме да и го дадеме духот на современото, на новото време. И како таква да и го пренесеме да публиката.
5. Која е ваша омилена нумера што посебно ви лежи и со радост секогаш ја исполнувате?

– Јас искрено немам своја омилена песна од моите песни. Но кога морам да издвојам тоа би биле “Многу ми го фалат вашето девојче” и “Песна за моите песни”.
6. Дали во иднина можеме да очекуваме дека како таргет на обработка од Љубојна ќе се најде и музиката од нашиот крај?

– Лично јас, знам многу музика, слушам и сакам секаква музика. Ние и имаме обработено музика од овој крај, познатите Истибанки, што не значи дека и во иднина нема да направиме некој проект во кој ќе имаме музика и од овој многу зивописен крај на Македонија.

На крај, сакаме да ви се заблагодариме што бевте дел од нашето прво остварено интервју како www.kamenica.mk , да ви посакаме успешен настап вечерва и остварување на вашите идни планови и желби. Ви благодарам…

– Ви влагодарам и вам. И баш ми е мило што честа за ваше прво интервју ја имаше Љубојна. И ви посакувам истата приказна, приказната на Љубојна да ве следи и вас.13417648_851673011603586_4028454754888550421_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *