Им се “одмаздил” на даночниците така што го платил данокот во монети. Во управата го броеле износот со часови

 

Стафорд долго време не можел да сфати каков данок треба да плати за своите нови автомобили. Даночниците не му ги доставиле телефонските броеви на стручните служби, со што, како што смета Стафорд, бил нарушен федералниот закон за слободно информирање.

Незадоволниот граѓанин се обратил и до Судот, но и покрај тоа, тој телефонските броеви ги добил по прекинот на разгледувањето на постапката. Тогаш тој решил да им се „одмазди“ на бирократите.

Имено, Стафорд од банката подигнал 300.000 монети од по еден цент, точно колку што требало, за да го плати данокот. Законот тоа го дозволува, а надлежните не смеат да не го прифатат тој начин на плаќање.

На вработените од Даночниот оддел им биле потребни седум часа за да ги пребројат монетите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *