Изгоре стара куќа во делчевско Вирче. Причинета голема материјална штета во околните куќи

Пожар изгоре до темел стара напуштена куќа во делчевско Вирче. Брзата интервенција на делчевските пожарникари кои во 20 часот биле известени за пожарот, ги спасиле околните куќи и стоката која се чувала во напуштената куќа сопственос на АА.

  • Констатиравме дека станува збор за запален објект, односно помошен земјоделски објект. Веднаш е пристапено кон гасење, пожарот е локализиран и целосно е изгаснат до 23 часот, кажа Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево.

Првичните индиции се дека пожарот е подметнат.

  • Најверојатно е подметнат поради нерасчистени имотно -правни работи, имавме вакви случаи претходно и во Стамер, а полицијата откри некои сторители, објасни Атанасовски.

Инаку, од Дирекцијата за заштита и спасување потенцираат дека во соработка со полицијата извршен е увид на местото на пожарот  и според нив, најверојатно, пожарот е подметнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *