Изгореа 40 хектари борова шума во голем шумски пожар што синоќа го зафати Делчевско

Овде конфигурацијата на теренот е многу лоша, брзината на ветерот беше со голем интенизтет и гасењето на пожарот беше со голем ризик. Има зафатено борова и дабова шума, но боровата е најтешка за гаснење, истакна Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево.
Штетите кои се предизвикани од пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Сега не можеме да кажеме со бројки, но во прашање се милионски суми штета. Но, не е само дрвната маса како штета, тука се и општокорисните функции на шумата, ерзијата на земјата и сл. , кажа Јордан Димитровски, дректор на ШС “Голак“ – Делчево.
Причините за овој пожар повторно лежат во човечкиот фактор.
Човечки фактор е во прашање јас апелирам до граѓаните да внимаваат, кажа Димитровски.
Но, и овој пожар повторно го отвори прашањето за опременоста на делчевската противпожарна единица која располага со возила стари повеќе од 40 години.
Ние имаме стари возила, а Дирекцијата за заштита и спасување, не знам од кои причини, не сака во Делчево да донира возила за гаснење пожари и затоа се дозволува вакви пожари, категоричен е Атанасовски.
Во последниве 12 години на територијата на Општина Делчево, а според Центарот за управување со кризи, само од пожари е евидентирана штета од 1 милијарда и 600 милиони денари. Териоријата на Делчево под шума има 24 илајди хектари со загрозеност од прв степен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *