ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради дефект на главна водоводна линија има прекин во снабдувањето со вода на Бачовско маало. Екипите на ЈП Камена Река работат на отстранување на дефектот.
Повеќе информации за времетраењето на прекинот за снабдување со вода граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат во текот на денот.