Известување од Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” до своите верници од Македонска Каменица

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” до сите свои православни чеда и верници од Македонска Каменица упатува известување со распоред на црковните богослужби во текот на претстојните празници:

– 18 Јануари (Среда – СТРОГ ПОСТ)
07:00 часот – утеха во царски часови
10:00 часот – водосвет во Светиот храм
15:00 часот – празнична вечерна богослужба

-19 Јануари (Четврток)
07:00 часот – празнична утрена богослужба
08:00 часот – Света Божествена литургија
09:30 часот – лицитација на икони
10:00 часот – Богојавленски водосвет во дворот на Светиот храм
11:00 часот – спуштање на Светиот крст во водите на Каменичка Река

Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” упатува молба до учесниците во фаќањето на Светиот крст и до сите свои верници да се однесуваат пристојно и во духот христијанството и во духот на славењето на Светиот христијански празник Богојавление – Водици.

Лето Господово 2017
Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *