Известување до граѓаните: Благодетниот оган од Ерусалим годинава ќе биде донесен и во Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14 Април 2017 лето Господово

(www.kamenica.mk)

Свештенството од Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица ги известува сите православни Христијани дека со помош од здружението “Воскресение” и група млади верници, годинава успеаа Благодетниот оган од Ерусалим да биде донесен во Светиот храм во нашиот град. Од Благодетниот оган православните Христијани ќе можат да ги запалат своите свеќи пред самото објавување на Христовото Воскресение.

Благодетниот оган секогаш се чека на исто место и во исто време – во Црквата на Воскресението на Исус Христос во Ерусалим, односно во Гробот Господов. Благодетниот оган секоја година во исто време и место се појавува на чудесен начин на Светиот Господов гроб во Ерусалим на богослужбата од Велика Сабота пред самото означување на Господовото Воскресение. Истиот оган се шири до сите православни земји и до сите православни Христијани и богослужби ширум Светот.

Фото: Драган Костовски

Од Свештенството при Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *