Започува пријавувањето за Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар“

Од денес започнува пријавувањето на учесниците на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“  и ќе трае до 28 април 2017, кога турнирот ќе биде отворен со традиционален натпревар во мал фудбал.

Годинава. во рамки на Турнирот ќе се играат натпревари во следниве спортски дисциплини:

МАЛ ФУДБАЛ (МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат спортски екипи од Македонска Каменица кои во својот состав нема да вклучат повеќе од два натпреварувачи од другите општини. Екипи кои професионално се натпреваруваат во било која државна лига немаат право на учество на турнирот. Пријавувањето на екипите трае до 28 април 2017 година. Котизацијата за учество на една екипа изнесува 1000 денари.

РАКОМЕТ (ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат спортски екипи во женска конкуренција од Македонска Каменица кои во својот состав нема да вклучат повеќе од две натпреварувачки од други општини. Пријавувањето на екипите ќе трае до 28 април2017 година. Котизацијата за учество на една екипа изнесува 1000 денари.

БАСКЕТ (МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат спортски екипи во машка конкуренција. Пријавувањето на екипите ќе трае до 28 април. Котизацијата за учество на една екипа изнесува 400 денари.

БАСКЕТ (ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат спортски екипи во женска конкуренција, кои во својот состав нема да вклучат повеќе од две натпреварувачки од други општини. Пријавувањето на екипите ќе трае до 28 април. Котизацијата за учество на една екипа изнесува 400 денари.

ПИНГ ПОНГ (ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА-МАЖИ)

Услови: Право на учество имаат граѓани на Македонска Каменица. Котизацијата за учество на еден натпреварувач изнесува 100 денари.

ТЕНИС (ПОЕДИНЕЧНА МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат само граѓани на општина Македонска Каменица.Котизацијата за учество изнесува 100 денари

ТЕНИС (ПОЕДИНЕЧНА ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА)

Услови: Право на учество имаат само граѓани на општина Македонска Каменица.Котизацијата за учество изнесува 100 денари

За условите и за начинот за пријавување повеќе информации може да побарате кај:

Гоце Стојановски (078-566-469) и

Витан Јовановски (075-484-032)

Генерален покровител на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“ е општина Македонска Каменица, а за победниците се обезбедени соодветни награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *