Загрижувачки! Помеѓу зависниците од никотин ѝ деца до 10 години

Алармантни податоци. Загрижувачки се намалува старосната граница на пушачи. Меѓу зависниците од никотин има и деца од 10 години, покажуваат анкетите на СВР – Штип:
Анкетите покажаа дека децата активно пушат уште во седмо одделение, додека деца од дисфункционални семејства , се активни пушачи уште од петто одделение, изјави Ангелчо Стојановски, началник на Отсек за превенција при СВР – Штип.
Токму поради ова, полицијата влезе во училиштата за на децата да им помогне да се држат настрана од цигарите:
Целта е да им укажеме на децата од штетноста од овие појави и да ја превенираме нивната употреба, кажа Стојановски.
Во текот на кампањата која траеше две години, беа опфатени 15.000 ученици од сите основни и средни училишта на подрачјето на СВР – Штип, а предавачи беа врснички едукатори:
Држевме предавање на нашите врсници и со помош на презентации и слики укажувавме на штетност од цигарите и до што може да доведе нивната примена, рече Борче Манев, врснички едукатор.
Наместо пороци, полицијата на учениците им понуди спорт, па денес заедно во Штип играа фудбал:
Сакаме да им покажеме на децата дека во нас треба да гледаат пријатели и поддршка , истакна Стојановски.
Инаку, зависноста од цигари е најчесто присутна зависнот кај младите, а секој трет над 15 години се декларира како пушач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *