Завршни натпревари од Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“

Вчера се одиграа три натпревари од групната фаза од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“. Постигнати се следниве резултати: Џафер – Делириум 1-5, Де пласт – Рудник Саса 4-2 и Фемили медика – Го пласт 0-3. Денес се игра заостанатиот натпревар помеѓу Де пласт и Фемили медика по што ќе бидат познати полуфиналните двојки. Полуфиналните натпревари ќе се играат во четврток (25.05.2017), а финалето е во петок (26.05.2017).

Во петок ќе се одиграат полуфиналните натпревари од турнирот во баскет. Во полуфинале, Клиф оф Мохер игра со Рима консалтинг, а Коце комерц со Коко. Финалето ќе се игра истиот ден.

Женското финале од турнирот во баскет се игра исто така во петок, а се среќаваат екипите на Шизик и Пајо го.

Женско финале во тенис ќе се игра во четврток, во 17.00 часот, а победничката ќе се бара помеѓу Анастасија Стојковска и Мартина Стоименовска.

Финалето во ракомет (женска конкуренција) ќе се игра пред финалниот натпревар во мал фудбал.

Познати се шампионите во пинг понг – Антонио Димитровски, и тенис (машка конкуренција) – Дарио Стојковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *