Екипите на ЈП Камена Река и во ноќните часови работат на отстранување на атмосферските наноси предизвикани од денешните обилни поројни дождови

Во поладневните часови од денешниот ден, територијата на Македонска Каменица беше зафатена од обилни и поројни врнежи од дожд кои предизвикаа поголеми атмосферски наноси на повеќе локации во приградските средини.

 

 

– Како што јавуваат од ЈП Камена Река нивните екипи и во моментов се вклучени во отстранување на атмосферските наноси предизвикани од обилните и поројни врнежи со дожд кои во попладневните часови ја зафатија територијата на Македонска Каменица.

 

 

Од Јавното претпријатие известија и за отстранување на поголеми атмосферски наноси од повеќе критични места на двата излези од Македонска Каменица кон соседните градови Кочани и Делчево.

– Со вклучена крупна механизација, делуваме на повеќе локации од локалните патишта и улици во приградските средини и периферните делови на Македонска Каменица.
Во моментов работиме на чистење на делови од локалниот пат кон Стара Каменица, кај Тачовско и Стипцарско маало, – велат од Јавното претпријатие

 

Нивните екипите остануваат на терен, се до целосно нормализирање на состојбата со проодноста на сите локалните патишта на територијата на Општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *