Древни јапонски мудрости

Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме за него. Ако не може да се реши, грижата е бескорисна.

Одважете се да дејствувате откако добро ќе размислите. Кога ќе почнете да делувате, престанете да мислите за тоа.

Не го задржувај она што си оди; не го бркај она што доаѓа.

Да се оди брзо значи да се оди споро без застанување.

Подобро е да си непријател на добар, отколку пријател на лош човек.

Односот меѓу мажот и жената треба да биде како оној меѓу рацете и очите: кога рацете болат, очите плачат; а кога очите плачат, рацете ги бришат солзите.

Жабата во бунар не ја познава широчината на небото.

Секое долго патување  секогаш започнува со еден краток чекор.

Дури и да ни затреба еднаш во животот, мечот треба секогаш да го имаш при себе.

Убавите цветови не даваат слатки плодови.

Никогаш никој не се сопнал лежејќи во кревет.

Еден љубезен збор може да те грее цела зима.

Секогаш тргај им се од патот на будалите и лудите.

Седум пати провери пред да започнеш да се сомневаш во некого.

Ти направи сè што можеш, а остатокот препушти му го на судбината.

Претераната искреност најчесто се граничи со глупавост.

Богатството секогаш доаѓа во куќа полна со смеа.

Дури и мајмуните можат да паднат од дрво.

Ладен чај и ориз можат да се поднесат; но ладен поглед и груби зборови – не.

Земјата секогаш се стврднува после дожд.

Најдлабоките реки течат тивко.

Јапонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *