Драма во Македонска Каменица. После две слободни кола ФК Каменица-САСА им се врати на победите

После двете слободни кола по распоред од Третата фудбалска лига за ФК Каменица-САСА, каменичани се вратија со победа. Драматичен натпревар во кој публиката проследи вкупно дури 8 погодоци. Првото полувреме заврши мирно со 3:1 во корист на домашните, но второто полувреме донесе вистинска драма на теренот. Гостите иако во првото полувреме не успеаа од пенал да го надмудрат голманот на домашните Бобан Атанасовски, во текот на продолжението беа поуспешни во два наврати и стигнаа до нерешени 3:3.

Сепак Каменица-САСА успеа да стигне до победа и нови три бода со два гола од пенал кои ги реализираше Зоран Златковски. Тој беше стрелец и во првиот дел заедно со Ангел Атанасовски кој постигна два погодока.

По завршувањето на колото Каменица-САСА за влез во Втората лига се бори од четвртотто место со 43 освоени бода, со пет бодови и два натпревари помалку од трето пласираното ФК Осогово од Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *