Доаѓа потопло време. Од петок ќе имаме повисоки дневни температури

Претежно облачно и малку потопло утро во однос на вчерашното, а сосема слаби врнежи од снег има локално во западните и југозападните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во среда во текот на денот се очекува претежно облачно време кое ќе биде проследено со засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч и студено време. Во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за провејување на слаб снег и слаби врнежи од дожд, додека пак во останатите предели попладне и со услови за повремени сончеви периоди. Утринските температури од -8 до 1 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -3 односно до 5 степени.

Македонска Каменица – Во Македонска Каменица во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно со услови за сосема кратки сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -5 степени, а максималната дневна до 2 степен. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време, а во југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за провејување на слаб снег и слаби врнежи од дожд. Утринските темепратури од -13 до -3 степени, додека пак максималните дневни од -4 до 4 степени. Во петок и сабота студено утро со утрински температури од -16 до -5 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено време со температури кои ќе достигнат од -5 до 3 степени во петок, односно од -3 до 6 степени во сабота. Во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време. Утринските температури од -11 до -2 степени, додека пак максималните од -1 до 7 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *