Дневна временска прогноза | kamenica.mk

1 февруари 2017

Времето утрово е сончево со мала до умерена облачност,  во североисточните и југозападните делови, а во останатите делови е облачно. По одделни котлини има ниска облачност и магла, а на некои повисоки места има ниска облачност со намалена видливост од 50 до 200 м.  

Минималната температура утрово се движеше од -8 во Тетово, -7 Битола, -6 Крива Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор и Крушево, -3 Тополчани, Маврово, Ѓуриште и Лазарополе, -2 Демир Капија, Охрид, Куманово и Дебар, -1 Штип, Македонска Каменица, Виница, Берово и Скопје, 0 Струмица и Скопје Петровец, до 2 во Дојран и Гевгелија.

Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Во Македонска Каменица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на краткотрајна утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер, кој пак ќе донесе повисоки дневни температури, а највисоката емператуа на воздухот ќе достигне до 6 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Фото: Драган Костовски

Leave a Reply

Your email address will not be published.