Детските екипи на ФК Каменица-САСА ги оправдаа очекувањата на гостувањето против ФК Фудбал-Старс во Кочани

Во последното коло од Детската фудбалска лига-Исток дербито се одигра во Кочани помеѓу екипите на ФК Каменица-САСА и ФК Фудбал-Старс.

Каменичани овој пат се задоволија со половичен успех против силниот противник, но сепак ги оправдаа очекувањата со една победа, еден нерешен резултат и еден пораз.

Резултати по генерациски категории на натпреварување:

2004/5 ФК Фудбал-Старс : ФК Каменица-САСА 6:3

2007/8 ФК Фудбал-Старс : ФК Каменица-САСА 1:1

2009/10 ФК Фудбал-Старс : ФК Каменица-САСА 1:4

Екипата на ФК Каменица-САСА останува на лидерската позиција во сите категории на натпреварување во тесна борба со екипата на ФК Фудбал-Старс од Кочани

Следното коло се игра во Македонска Каменица во сабота со поветок од 14:30 часот. Детските екипи на ФК Каменица-САСА ги пречекуваат екипите на ФК Зрновка од Зрновци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *