Денес започнува летното сметање на времето. Како тоа влијае на здравјето?

Денес започнува летното сметање на времето (26-ти март), а со тоа додаваме по еден час плус, односно сказалките на часовникот ги поместуваме за 1 час понапред. Еве што тоа може да значи за вашето здравје.
Според голем број на истражувачи, луѓето имаат поголеми проблеми за прилагодување во пролет отколку во есен. Тоа е така поради тоа што во пролет губиме еден час од сонот. Тоа е слично како да патувате со авион, колку поисточно одите – толку повеќе време сте изгубиле. Обратно, доколку патуваме на запад, тоа значи дека полесно ќе спиеме, но потешко ќе се пробудиме. За луѓето кои се држат до некој строг распоред за спиење, експертите препорачуваат оптимален одмор бидејќи дури и само 1 час помалку сон, може да предизвика сериозни потешкотии во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *