Делчево: Епохално откритие на праисториски цртеж во село Драмче

Во селото Драмче, во источна Македонија, теренската екипа со која раководеше д-р Душко Алексовски, откри и документираше праисториски цртеж кој претставува зооморф, животинска фигура, слична на остатоците на прастари животни, чии остатоци порано на овој простор беа откриени од страна на Природно научниот музеј на Македонија.

(На фотографијата се праисториски цртежи на животински фигури откриени кај село Драмче, чија старост се проценива на шест милиони години)

Староста на овие животински фигури се проценува на околу шест милиони години.

Фотографијата е од огромно значење, не само за македонската наука, туку и за светската научна мисла. Досега никаде во светот не е откриен ваков вид карпест гравир, кој претставува животинска фигура која егзистирала во длабоката праисторија.

Ова ново откритие ја става Македонија во редот на земјите со најстара карпеста уметност, чија старост треба да се утврди со помош на палеонтолозите.

Ова ново откритие на македонската наука повторно ја става под знак прашање теоријата за прататковината на човекот, вели д-р Алексовски. Едно е точно, додава оти праисторискиот човек кој го создал овој цртеж, не можел да пристигне на овие македонски простори во тие толку далечни праисториски времиња од Африка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *